Search
понеделник 13 јули 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Ај прави ми друштво: Во кое својство Заев замина со Спасовски кај Вартоломеј? (ФОТО)

Македонија

Заболени
8,111
Мртви
382
Излечени
4,203
Активни
3,526
Last updated: 13/07/2020 - 09:31 (+02:00)

Ај прави ми друштво: Во кое својство Заев замина со Спасовски кај Вартоломеј? (ФОТО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, која се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека беше премиер на Владата на нашата земја, техниничкиот премиер Спасовски на поглаварот на Цариградската патријаршија му го честиташе празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви.

Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците, се додава во соопштението од владината прес-служба.

Како што соопшти СДСМ, лидерот на партијата Заев на средбата изразил надеж дека Патријархот Вартоломеј и оваа година, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за наоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и сите православни верници ширум светот.

loading...