Како што открива Алсат М, смејството Манојлови имале за декември сметка за струја од 3.300 денари, која според доказите обезбедени од Алсат, се покажало дека била платена на 17 јануари 2020 година.

Во јануари, семејството потрошило струја во висина од 4.000 денари, но истрагата на Алсат покажува дека оваа сметка не била платена. За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија туку на адреса на семејството Манојлови била стигната само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја.

Слични детали откри и министерот за внатрешни Наќе Чулев кој во гостување на тв24 на крајот од април рече дека истрагата која опфаќа разговор со соседите, податоци за струјомерот, водомерот, телефонските повици, укажуваат на фактот дека од половината на јануари двајцата не контактирале со никого.

Сомневањата ги потврдува и Центарот за социјални работи во Велес од каде за телевизијата потврдиле дека пензиите и социјалната помош се платени, но дека немало кој да ги повлече.

Целиот текст можете да го прочитате тука.