Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Епидемијата ескалира, луѓе умираат, болниците се преполни, а министерот Филипче води кампања

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 08:17 (+02:00)

Македонија руши рекорди по бројот на заразени и починати од корона вирусот. Само вчера имаше дури 12 починати и 132 новозаразени, од само 868 тестирања, што значи дека практично сеој шести тестиран бил позитивен. Сепак, тоа не е пречка за ресорниот министер да си тера партиска кампања

Откако, на официјалната фејсбук страна на министерот за здравство Венко Филипче, осамна видео спот за кампањата на СДСМ „Можеме“, социјалните мрежи „зовреа“.

Граѓаните се револтирани – прашуваат со кое лице министерот, кој ќе остане запаметен по најголемата смртност од ковид 19 во регионот, снима партиски спотови додека пациентите умираат во болниците? Бараат одговорност и оставка, пишува „Вечер“.

„Дај си оставка, остави политика. Гледаш како ни е состојбата со вирусот, па уште се фалиш, најлоши во свет сме во моментов“.

„Речиси 200 заболени, смртни случаи еден куп, здравствените работници со последни сили и вас ви дојде до кампања… ова е големо непочитување кон сите нас…“

„Со овие објави ја губиш довербата кај народот“

„Ова е потврда дека не ги заболе за народот, туку за функциичка“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи, по објавениот партиски видео спот.

Филипче, пак, се правда, вели оти немал партиска агенда за изборите, а на теренските активности бил за промоција на изборната програмата оти тој ја пишувал. Спотот го снимал надвор од работно време.

Немам партиска агенда за оваа кампања. Вчера бев во Штип и таму се промовираше кампањата за избори. Меѓутоа јас таа кампања ја пишував заедно со тимот и сметав дека е најсоодветно да јас ја претставам пред граѓаните. Во таа смисла и видеото, сите овие активности ги правам надвор од работно време – вели министерот.

Во меѓувреме, од Светската здравствена организација само пред три дена ни порачаа оти состојбата со вирусот во земјава е загрижувачка.

Земјава речиси еден месец бележи троцифрени бројки на ново заразени, а бројот на починати се приближи до 300 или близу 5 отсто од вкупниот број на заболени што е најголема стапка на смртност во регионот.

Епидемијата ескалира, луѓе умираат, болниците се преполни, а министерот Филипче води кампања
loading...