Живот

Етнички Македонец и член на СДСМ на пратеничка листа на ДУИ: Овде зборот е збор a Заев е лажго!

Македонија

Заболени
12,357
Мртви
532
Излечени
8,662
Активни
3,163
Last updated: 14/08/2020 - 03:41 (+02:00)

Чест и задоволство ми е што сум дел од партија каде што зборот е збор, затоа и се на власт 18 години – вели Златко Димовски за Фокус, додавајќи дека во ДУИ почувствувал чесност, храброст, искреност.

Покрај граѓанската активистка Мери Николова-Буџаку, ДУИ настапува со уште еден етнички Македонец на пратеничките листи. Станува збор за Златко Димовски од Битола, кој го зазема четвртото место на листата на ДУИ во четвртата струмичко-прилепска изборна единица. Во изјава за Фокус, Димовски раскажува како се случило да стане кандидат за пратеник на интегративците.

-На една случајна средба во еден скопски ресторан, каде бев со мојата фамилија, ја повикав мојата пријателка и борец за правда Мери Николова-Буџаку да се видиме. Во истиот ресторан имаше неколку високи партиски функционери на ДУИ, каде ја препознаа и не поздравија и започна разговор за моменталните политички случувања во државата. После извесен период, јас бев контактиран дали би сакал да ја претставувам ДУИ како кандидат за пратеник заедно со Николова-Буџаку. Секако јас прифатив, ми беше чест и задоволство дека ќе сум дел од партија каде што зборот е збор. Затоа и се на власт 18 години – изјави тој, додавајќи дека во ДУИ почувствувал чесност, храброст, искреност…

Димовски открива дека е активен во политиката од 1994 година како член на СДСМ. Тој учествувал и во Шарената револуција, но, како што нагласува, се разочарал откако сфатил дека борбата се водела само за функции. Воедно, посочува дека неговата сопруга се соочила со проблеми на работното место.

-Лично во мојата фамилија го почувствував „газењето“ и понижувањето од страна на личности кои изигруваат локални шерифи желни за профит. Никогаш нема да ги заборавам солзите на мојата сопруга којашто беше избрана за претседател на ЕЛЕМ, денес ЕСМ, која без никаква причина, на каубојски начин, е разрешена од страна на директорот, со мандат и имунитет во траење од 5 години, ниту правно издржано, ниту пак морално. Во тек е судски спор во кој очекуваме судска разрешница. За жал се случи на позиции да се постават луѓе кои не заслужуваат. Луѓе без стручност и сомнително образование – вели Димовски, според кого многу личности се маргинализирани и шансата ја бараат надвор од државата.

Инаку, во „тројката“ и „четворката“ ниедна, условно кажано, албанска партија не успеала да освои пратеник, но од избори до избори „интегративците“ се повеќе го зголемуваат бројот на гласови. И покрај тоа што Али Ахмети на овие избори на некој начин избра да води етничка кампања со предлогот за Албанец-премиер, сепак, кандидираат двајца етнички Македонци на листите, и тоа поранешни членови на социјалдемократите, кои имаат доста членови, поддржувачи и функционери Албанци.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker