Search
среда 3 јуни 2020
  • :
  • :

Филипче е ништо друго освен напумпана ПР реклама.

Македонија

Заболени
2,492
+101
Мртви
145
+4
Излечени
1,605
Активни
742
Last updated: 03/06/2020 - 21:32 (+02:00)

Филипче е ништо друго освен напумпана ПР реклама. Не измисли тој нешто па да го величат толку. Не најде Филипче ни лек, ни вакцина, не измисли метод за намалување на корона. Филипче прави што прават другите држави, ако во Италија, Франција, Србија, Шпанија и 190 држави луѓето одеа на раце, Филипче ќе искочеше на прес и ќе одевме на раце. Немам никакви негативни емоции за него, ама да се става па толку многу на пиедестал, вака гледано од страна мене ми е пак ќе го употребам терминот: “колективна ретардација”. Така да мене ми е смешно ова со Филипче. Па слушам другари: еееееј Нема како Филипче, најбољи е…. Си преќутувам, не знам што да им кажам.

Значи тој гледа Раи Уно и ако на Раи Уно кажат: од утре во 19:00 ќе скокаме на една нога со главата на едната страна пошто така вирусот ќе падне од увото, он ќе искочи утре на ТВ и ќе го повтори истото. ПР тимот на СДСМ почна да ја пумпа приказната и сега ќе му градат споменик. Никој не спомна дека е министер 3 години, а за корона тестови се чека по 3-5-7 дена затоа што има само една машина за резултати на тестовите. А има само една машина затоа што некаков си 27 годишен со фирма од еден месец и имејл [email protected] го доби тендерот за тие машини пред 2-3 години, машини што никогаш не ги видовме.

Венко Филипче на почетокот имаше по две прес конференции дневно. Кога се влоши состојбата почна да држи само по една. Денес кога е веќе станува многу опасна работа (почина 27 годишна родилка), Филипче нема ниту еден прес!
Суштинста на пресовите е да се информираат граѓаните, кога имаше 15 случаи лесно беше и без прес да помине работата, ама тогаш владата се бореше со гол пи-ар и по два дневно држеа!
Сега кога сите сме затворени дома и секој ден експоненцијслно има нови случаи и мртви, треба да има по 5 прес конференции дневно, за да ни кажуваат каква состојбата, а нив ги нема. Се помалку ќе ги има, ќе се кријат вака!
Затоа другари, ова ќе биде лошо искуство за нашата земја и на наш грб ќе почувствуваме дека голиот пи-ар не помага! Лесно беше после една недела криза да повикате на аплаузи, каде сте сега?
Хероите во тешко се покажуваат, кога е лесно секој знае да се справи…

loading...