Search
среда 8 јули 2020
  • :
  • :

ФИЛИПЧЕ ФАТЕН ВО КРИМИНАЛ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ПАК ЛАЖЕ

Македонија

Заболени
7,244
Мртви
351
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 08/07/2020 - 13:47 (+02:00)

Целосно ги отфрлам шпекулациите и обвинувањата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ дека носител на банкарската гаранција за изградба на новата Клиничка Болница Штип е компанијата подизведувач Бетон Штип. Од моментот на потпишување на договорот до денес, постои валидна банкарска гаранција, каде што корисник е Министерството за здравство и истата е на име на фирмата изведувач Интракат.

Валидноста на банкарската гаранција е писмено потврдена од издавачот на гаранцијата во 2016 година, Комерцијална Банка а потоа и од издавачот на гаранцијата во 2019 година, Стопанаска Банка-Скопје кога спогодбено се пролонгираше рокот за изведба.

Министерството за здравство во ниту една јавна набавка, нема никаков правен однос со подизведувачите на фирмите и во ниту еден случај, па ни во во овој не е примена банкарска гаранција од подизведувач.

Што се однесува до дополнителните 7 милиони евра кои се потребни за изградба на КБ Штип, ја информираме јавноста дека не станува збор за зголемени трошоци туку за проект кој го наследивме со сериозен надостаток. Во овој проект не беше предвидена електрика. Бидејќи проектот е финансиран со заем од Банката за развој при Советот на Европа (CEB), експерти на Банката доаѓаа за технички проверки, укажаа на недостатоците и побараа ревизија на проектот. По направената ревизија, на крајот на 2018, констатирано е дека ќе треба дополнителни средства за да се надополни и модернизира проектот согласно новите европски стандарди за градење на болници.

Договорот за изградба на Клиничката Болница Штип е склучен во 2016 година, како проект финансиран од (CEB) – LD 1826, за што постои потпишан договор за заем и закон за задолжување и како постапка се спроведува согласно процедурите на CEB. На секој чекор од постапката, извештајот за евалуација, финалниот текст на договорот и сите анекси, кредиторот, пред потпишување на истите дава “No Objection” (Без приговор) со што потврдува дека конкретната постапка за јавна набавка е спроведена согласно утврдената процедура.

loading...