Како што информираа од локалната самоупрва, очевидци го пријавиле делото кај надлежните служби, а претставници на Одделението за внатрешни работи и на компанијата изведувач веќе биле на увид.

И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме. Уништувањето на патната инфраструктура значи уништување на јавното добро и е казниво со закон – соопшто Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Од општина Кочани инфомрираат дека реконструкцијата на улицата е изведена преку шемата за мали грантови финансирана од Европска Унија и Советот на Европа – РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ од каде е обезбеден грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака на улицата „Стамен Манов“, со кој е предвидено бетонирање на два крака коишто ги поврзуваат улицата „Стамен Манов“ со м.в. Колерски гробишта, во вкупна должина од 255 м и ширина од 3,5 м.

За имплементација на овој проект е потпишан договор помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот.