Search
петок 3 јули 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Фрлена експлозивна направа на помошна просторија, изгоре автомобил на јавен обвинител

Македонија

Заболени
6,625
Мртви
321
Излечени
2,748
Активни
3,556
Last updated: 03/07/2020 - 12:46 (+02:00)

Експлозивна направа, вчера, околу 19 часот, предизвика пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Како што потврдуваат од обвинителството експлозијата оштетила патничко моторно возило „сеат леон“, коешто било паркирано во просторијата, а сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.
Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството врши проверка и на видео записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
Иако не се соопштува кој јавен обвинител бил цен на еден ваков напад, сепак неофицијално дознаваме дека се работи за обвинителката Виолета Стојаноска и како што велат нашите извори возилото главно го користел нејзиниот сопруг.

линк до оригиналот тука

loading...