Search
среда 27 мај 2020
  • :
  • :

ГО ОПУШТИВТЕ НАРОДОТ СО ПРИКАСКИТЕ ЗА ИЗБОРИ СЕГА ПАК ЌЕ СЕ ЗАТВАРАМЕ

Македонија

Заболени
2,039
+25
Мртви
119
+3
Излечени
1,470
Активни
450
Last updated: 27/05/2020 - 14:32 (+02:00)

Одиме Јово – наново. Се фативте за избори, го опуштивте и така разлабавениот и скептичен народ, пред време политичари во улога на епидемиолози триумфално прогласуваа победа над вирусот…
Што очекувавте, кога светски сили паднаа на колена и пребројуваат жртви, дека ние ќе бидеме посебни, заштитени мечки?
Или дека вирусот ќе се прилагодува според нечии верски, политички и бизнис потреби? Ајде сега, пак од старт

Фучи епидемијата – на 549 тестови, 40 позитивни на ковид-19. Сурова е вистината – состојбата ни е многу лоша. Посебно во Скопје. Да има повеќе тестирања, ќе се покаже дека имаме уште повеќе заразени. Стадово македонско лута, нема кој да го води. Власта тоне во апатија и безидејност.
Оваа стратегија – стисни бесцелно па попушти заради популизам, фали се и манипулирај, мисли на рејтинзи и на избори – не дава резултати. Во септември нема да има втор бран на епидемијата. Ова сега е вториот бран, на есен евентуално може да има трет бран. Катастрофа!

Нови 40 инфицирани со SARS-CoV-2 во последните 24 часа.
Само во Скопје 26, Тетово 10…

Комисијата за заразни болести треба да се проветри.

Почнавме добро, сега сме смешни!
Се чудевме како е возможно едно нешто добро да тргне кај нас, се воодушевувавме, кога тоа не може да издржи до крај. И? Фиаско!
40 новозаболени!
Процентуално најмногу во регионов.
Мерките не се почитуваат, маски не се носат, ракавици уште помалку. Дистанца?Ако кажеш “ајде дистанца малку”, те гледа наопаку како да си го проколнал, а не предупредил за здравјето. Жалосно…
Трговските отворени, редици, чиниш, гаќи снемаа луѓето.
Парковите преполни, мерки нема, свесност нема.
58ч.карантин! Зошто? Карантин до вторник, а од среда,изгледа, кафичите ќе ги отвориме. Смешно звучи, зарем не?
Некако политика и здравје не одело заедно, м? Па уште и во комбинација со ваков менталитет…
Од оваа гледна точка се прашувам зошто воопшто се затвори се? За луѓе да изгубат работа и да се кратат плати? Што добивме ?
Баталете полициски, смешно е.
Толку смешно, колку да не заплачеш.
Ете толку очајно.
“Солзи немам да ве исплачам, колку сте за жалење”…еее мој Горане.

loading...