Search
сабота 30 мај 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Градоначалникот се заканил: Нема секс до 31 октомври, тешко на оној што ќе го прекрши правилото! ВИДЕО

Македонија

Заболени
2,164
+35
Мртви
131
+5
Излечени
1,535
Активни
498
Last updated: 30/05/2020 - 17:02 (+02:00)

Градоначалникот на сицилискиот град Месина, Каетано Де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупредил граѓаните во најновото видео-обраќање од својот кабинет да ги почитуваат ограничувањата и забраните воведени во време на пандемијата на коронавирусот.

Тој потсетил дека не е дозволено групно дружење ниту „романтичен риболов“, што е локален израз за љубовни состаноци.

– Внимавајте, само ако откријам дека се бакнувате, прегрнувате, а ниту „она другото“ не е дозволено –  порачал Де Лука.

– Засега, на љубовен план, мораме да се држиме до тотална апстиненција. Да се разбереме, тешко на оние кои ќе го прекршат правилото за апстиненција. И повторувам уште еднаш, до 31 октомври на сила е тотална апстиненција – бил убедлив Де Лука.

Во најновото обраќање им порачал конкретно на граѓаните на Месина дека мора да се воздржат од сексуални односи, и дека дури и дома и во креветот мора да држат меѓусебно растојание од најмалку еден метар.

Порано Де Лука вовел дронови за да контролира дали граѓаните на Месина ја почитуваат забраната за излегување од дома.

Дроновите ги надлетувале не само градските улици, туку и селата и шумските патишта, а опремени се со звучници преку кои градоначалникот луто им се обраќал на оние кои биле надвор, а не смееле.

 

loading...