Search
вторник 7 јули 2020
  • :
  • :

Груби: „Повикот на Тачи да се гласа за ДПА или за СДСМ, можеби поврзан со судски процеси“

Македонија

Заболени
7,244
+120
Мртви
351
+5
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 07/07/2020 - 20:02 (+02:00)

Изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека Албанците на наредните избори треба да гласаат или за ДПА или за СДСМ , бидејќи според него, главната битка на изборите на 12 април ќе се води меѓу овие две партии, ДУИ ја коментира како изјава која може да е поврзана со процесите кои се водат против Мендух Тачи.

„Посакувам овој став на г-н Тачи да не е поврзан со другите процеси во кој е поврзан г-от Тачи“-изјави Артан Груби од ДУИ.

Груби вели и дека е за жалење што целиот наратив на албанската опозиција е против ДУИ. За да не се губат пратенички мандати, од ДУИ ги охрабруваат албанските опозициски партии да се обединат и сите заедно да настапат на изборите против ДУИ.

Но, во албанскиот политички блок сè уште нема ништо конкретно во однос на можна изборна коалиција. Опозициските Беса и Алијанса за Албанците велат дека продолжуваат преговорите за предизборна коалиција. И Алтернатива е подготвена за соработка.

„Тоа што се знае и јавно е дека Беса работи отворено за еден концепт, за една опозициска платформа. Секако дека сме отворени за соработка со албанскиот политички спектар со единствена цел, да донесеме промена за доброто на сите Албанци во Македонија“-истакна Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.

„Ние сме конзистентни во ставовите кога кажавме дека ќе одиме со Алтернатива и Беса. Ова е многу искрена понуда и зависи од преговорите, ние размислуваме за коалиција со двете партии“-рече Бујаре Абази, Алијанса за Албанците.

„Ние бараме соработка со другите партии за во една кутија да ја канализираме политичката волја на Албанците за промени. Но, ако не се случи тоа, Алтернатива не ја исклучува можноста на избори да настапи самостојно“-велат од Алтернатива.

СДСМ на изборите настапува со коалицијата “Заедно за Македонија“, но сè уште не коментираат дали неа би ù се приклучила некоја од албанските партии, како што се шпекулира за Алтернатива. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат со досегашната коалиција “За подобра Македонија“, иако некои помали партии се со актуелната владина коалиција.

loading...