Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Советникот на Заев во манири на градски силеџија го нападнал Дурловски

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 08:31 (+02:00)

Советникот на Заев во манири на градски силеџија го нападнал Дурловски. И таквиот чин не е ништо друго туку последица на нервоза кај власта и голема слабост кај оние кои секој ден не убедуваат дека имаме нова нормалност и мислат дека тоа би имало некаков ефект. Наместо да спасуваат животи, тие се занимаваат со силеџиство. Нема да им помогнат вакви реакции туку само ќе не мотивираат, борбата против ова зло да продолжи и да се истрае до крај!
Дурловски е величина и за Заев и за советникот на Заев. Ова што денес се случи е одраз не само на искривениот систем на вредности во кој силеџии се советници на премиер, туку и на една брутална реалност во која се притиска и прети на секој што размислува различно од оваа власт која распродаде се што е вредно и продолжува со распродажба. На едната страна е Игор Дурловски кој не им се даде кога многу други потклекнаа, и покрај сите притисоци кои ги имаше, а од друга е Заев со ваквите другарчиња советничиња и нивниот систем на вредности. Има разлика!
Сакам да им порачам на сите што мислат дека вака ќе тераат, и на носителката на ИЕ 5, чиј политички противник е Дурловски, која веќе 20 години е во политика, а најмногу на нивните шефови Зоран и Вице Заеви – Македонија ќе ве победи. Дурловски неправедно обвинет издржа прогон, а сите ние не само што ќе ве издржиме сите Вас, туку заедно со народот силно ќе ве победиме.
Македонија не заборава!

loading...