Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

ИГОР ДУРЛОВСКИ: СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ДЕНЕС ДИРЕКТНО ЈА ЗАГРОЗИ МОЈАТА БЕЗБЕДНОСТ

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 08:46 (+02:00)

После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.

Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.

Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина.

Денес во 12: 50 час во ПС, лицето Игор Дурловски пријави дека на 02.06.2020година околу 11.14.часот на ул.11-ти Октомври на семафорите правец према Центар додека бил престроен на средна лева лента со неговото возило марка Фиат 500 со рег бр.СК-7…АТ на лева лента било престроено возило ПМВ марка БМВ црна боја со бугарски ознаки ЦБ-0404-АМ при што возачот Ф.А. викан Сокол, во возилото го отворил прозорот и му се обратил со зборовите: Ќе лежиш сто години затвор при што истиот продолжил право по што продолжил да вози паралелно со пријавиелот по што повторно со возилото застанал на семафорите на раскрсница ул.11-ти Октомври со ул.Филип Втори Македонски при што пријавителот го прашал да му повтори и истиот повторно му повторил дека треба да лежи сто години во затвор и почнал да го навредува со погрдни зборови и пцовки, при што откако се запалило зеленото светло на семафорот пријавителот тргнал со возилото и истите го одминале и возеле пред него каде на ул.Димитрие Чуповски со ул.Васил Главинов свртеле десно и повторно застанале на семафорите на расксрсницата бул,Партизански Одреди со бул.ВМРО, и откако се вклучило зелено светло истите пробале да го удрат со возилото на Дурловски, према бул.Илинден и на ул.Аминта Трети свртеле десно према градски стадион. Пријавителот, велат од МВР, укажал дека бил цел на вербален напад, закани и загрозување на неговата лична сигурност и спречување на слободното движење.

loading...