Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

Илјадници странски сексуални работници во Германија стануваат бездомни лица откако властите ги затворија легалните бордели

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 05:02 (+02:00)

Пандемијата на коронавирус се одразува и на илјадници странски сексуални работници во Германија кои, речиси преку ноќ, станаа бездомници откако тамошните власти ги затворија инаку легалните бордели.

Дополнителен проблем е што поради строгите рестриктивни мерки, тие не можат да се вратат во своите домови.

Германија е земја каде борделите се легални повеќе од две децении, но минатиот месец сите требаше да бидат затворени, како и останатите несуштински бизниси, како што се ноќни клубови и ресторани.

– За мене, ова е катастрофа, изјави полска сексуална работничка која работи во градот Бохум, која на клиентите им е позната како Никол, пренесува „Јутарњи лист“. – Од средината на март немам примања и немам каде да спијам, вели таа. Пред кризата, Никол му плаќала на борделот 97 долари дневно за таму да преноќи и да прима клиенти.

Сексуалните работници во Германија главно се самовработени и сами плаќаат даноци. Теоретски, тие би можеле да бидат вклучени во мерките на германската Влада за помош на самовработените, но не е познато дали тоа ќе се случи.

Во моментов е во пораст е иелегалната сексуална работа што претставува голем ризик во време на пандемијата како за работниците така за клиентите.

– Побарувачката за платен секс и натаму е многу голема, и покрај ризикот од вирусот. Некои жени едноставно го презимаат тој ризик за да преживеат, изјави Хелке Котнер од добротворната установа Мадона, во Бохем, која и претходно им помагала на сексуалните работници и работнички.

Според одредени проценки, Во германија има меѓу 100.000 и 200.000 сексуални работници. Околу 80 отсто од нив се странци, главно од Бугарија, Романија, Полска и Украина.

loading...