Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ЗОРАН ЗАЕВ

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 09:01 (+02:00)

Фотографија на Angela Ilievska.

Како учесник во целиот протестен период со себе го носам само товарот на мојата личност и ги сносам последиците за своите идеали и принципи.

Денес кога некој ќе ги спомене зборовите идеали и принципи најчесто станува цел на потсмев .
Токму вие сте заслужен за тоа, вие и вашето однесување кон луѓето од протестите.

Ја преслушав снимката која беше денес пуштена во јавноста а се однесува на Шарената револуција . Чувството на горчина кај мене одамна трае, тоа секогаш било манифестирано јавно но денес мислам дека е надмината секоја линија на пристојно говорење токму кон оние без кои ти денес немаше да ја имаш можноста да станеш Премиер.

Квалификациите дадени во истата говорат за вас а моите постапки говорат за мене.
Автентичноста на снимката се надевам ќе ја потврдите или демантирате но и без неа нештата се доволно јасни.

Вие сте човекот кој нанесе најголема штета во Македонија ,вие и вашиот бакалски ум.
Вие сте човекот поради кој никој повеќе нема да верува во протести,вие сте човекот кој уништи премногу млади луѓе за сопствени цели.

Се надевам моите соборци нема да бидат индиферентни и дека ќе се одважат да побараат одговор токму од човекот кој денес јавно го слушнавме што мислел за нас . Борбата продолжува ,вистинската борба не може да ја скрши помалото зло како што некогаш говоревме. Денес после три години помалото зло ги изеде децата на револуцијата,ја изеде и револуцијата и го прави уште оној последен обид да ги фрли во калта дури и најчистите не можејки самиот себеси да се гледа таму.

Пс. Мајките кои ги спомнуваш во аудио бомбата биле на протестите отстрана да го гледаат своето дете кое го воспитале никогаш да не потклекне пред неправда.

loading...