Search
вторник 7 јули 2020
  • :
  • :

Камчев: Орданоски е дел од рекетот, Кабранов е жртва иако беше главен уредник

Македонија

Заболени
7,244
+120
Мртви
351
+5
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 07/07/2020 - 20:16 (+02:00)

СПОРЕД ОРЦЕ КАМЧЕВ ТОГАШНИТЕ УРЕДНИЦИ  САШО ОРДАНОСКИ И ЈАДРАНКА КОСТОВА СЕ ДЕЛ ОД РЕКЕТОТ НА БОКИ 13 СПРЕМА БИЗНИСМЕНИТЕ, ГЛАВНИОТ УРЕДНИК КАБРАНОВ БИЛ ЖРТВА И НЕГО ГО МЕСТЕЛЕ.

2,4,6 или 8 милиони евра за моја слобода е понудата која и е дадена на мојата сопруга Ана која ова и е понудено на средба со Димишков во еден стан во Капиштец каде е Боки и Кичеец, рече Орце Камчев на судењето.

Втората средба е во некоја канцеларија каде бил и Јанев, и пак го нагласувал тоа. Третата средба е во Орман во стан каде е и Јанева каде паѓа закана дека ќе отвори уште 3,4 пријави против мене ако не даде пари.  По Ана дојде во станот Панделевски како на пазар било. Само јас се одважив да сведочам а пари дале многу..

Кому да пријавам, сите се во истата приказна, од ОЈО до полиција. Единствено Горан Николовски од УБК е човекот на кој можам да се ослонам. Тогаш почнав да глумам за да докажам дека Империја е исконструиран случај и понудив милион.

….-Барате пари, а Стефанова прави прес конференција на која јавно ме клевети, го прашувам што е работата, а Боки ми вели, така треба за да не заборавиш дека треба да дадеш пари.

Тоа што треба да го завршиш со Боки да го завршиш, ми кажа Катица во собата за испитување во СЈО! Ова се дел од сведочењата на Камчев кој објаснува како се одвивал Рекет. Боки се фалел дека дипломирал право во Италија за да покаже дека знае што се случува.

Заев беше запрепастен кога му кажав, на втората средба му покажав снимки, по што побара два дена. Тогаш ми се јави и кажа да однесам се кај Рускоса…

-Боки кај мене го строеше уредникот за Инсајдер а сега истиот пишува колумни на портал, на Кабранов заедно со Варошлија со мутирани гласови сред ноќ му се јавуваше и му се закануваше со смрт а потоа го советуваше што да прави за да излезе херој…

До кај стасавме луѓе, Боки 13 да раководи со СЈО, рече Орце Камчев во текот на сведочењето пред судот.

Тој пред судот зборува до најситни детали, тврди дека е жртва и дека Јанева и Јовановски се изживувале со него, односно му барале пари.

Камчев пред судот посочи дека тој бил во јавноста претставуван како криминалец, иако, како што вели, е „бизнисмен што 30 години работи и обезбедува егзистенција за 30 илјади семејства и чесно плаќа данок“.

 

loading...