Search
среда 27 мај 2020
  • :
  • :

Кочо си ровари, не се заебава, за него е исто, а власт а надвор од власт. И дали МОЖДА и моментално е советник на актуелната министерка за финансии нина?

Македонија

Заболени
2,039
+25
Мртви
119
+3
Излечени
1,470
Активни
450
Last updated: 27/05/2020 - 15:02 (+02:00)

Кочо си ровари, не се заебава, за него е исто, а власт а надвор од власт.
И дали МОЖДА и моментално е советник на актуелната министерка за финансии нина?
Новинарите да проверат?

“Здравство е на второ место по итното трошење, а најмногу пари се издвоени за монтажната болница до Инфективната клиника за која фирмата Брако поврзана со екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев испорача нарачка од контејнери вредни 142 илјади евра.”

Струмички комуналци со поскапи скафандери од лекари на торакална- итни јавни набавки за КОВИД 19 над 3,2 милиони евра, а транспарентност фали- анализа на ЦГК

КОВИД 19 јаде и многу пари преку итни набавки за епидемијата од кои секоја втора набавка е извршена со вклучување и преговарање само со еден продавач кој ја добива зделката. Досега се потрошени над 3,3 милиони евра за итни јавни набавки и се забележани големи разлики во цени на маски, ракавици, скафандери, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации кои откриле и дека за комунални работници во Струмица се купуваат поскапи скафандери отколку за лекари во скопската клиника за торакално-васкуларни болести.

-Најеклатантен пример е што комунално претпријатие купило скафандери за еднократна употреба по цена од 1.156 денари, а клиника купила скафандери за повеќекратна употреба со можност да се вријат за цена од 1.052 денари. Притоа, неспоредливи се ризиците од пренесување на вирусот и последиците од ова во двете институции, стои во Анализа на Центарот за граѓански комуникации.

Најголем трошаџија е МВР, а не здравство. Во внатрешни потпишале 6 тендери вредни околу 1,9 милиони евра. Таму се купуваат најскапи заштитни ракакавици од 9,32 денари за парче. Иако кризни и за итни потреби- набавките во МВР се потпишуваат рамковно за период од три месеци. Тоа значи дека ќе се плати онолку колку што ќе се земе.

-Избран е најповолниот понудувач, но во рамковен договор. Што значи ќе се плати она што ќе се достави. Договорот е потпишан на 23-ти март на три месеци и истекува наредниот месец. Не се наведени точните цени туку само рамковните суми и количината. Цената на еден продукт ќе се добие со делење на сумата со количина, изјави Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Здравство е на второ место по итното трошење, а најмногу пари се издвоени за монтажната болница до Инфективната клиника за која фирмата Брако поврзана со екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев испорача нарачка од контејнери вредни 142 илјади евра.

5 фирми добиле 71 проценти од договорите вредни 3,3 милиони евра за итни набавки. Најмногу со два тендера добила прилепската компанија Гифти текс која за милиони и 113 илјади евра продава заштитни маски и на МВР и на Министерството за одбрана.

Скопски Биотек која како приватна здравствена институција врши и тестирања за корона вирус под закрила на Институот за јавно здравје, исто така склучила договор со МВР дека за 657 илјади евра ќе продаде маски, ракавици, очила и комбинезони. Алкалоид и Еурофарм имаат најмногу договори иако пониски од оние за маски и заштитна опрема.

Проблемот покрај разликите во цената е тоа што институциите се нетранспарентни за итните набавки, преговараат само со еден добавувач и го кршат законот за ненавремено објавување на договорите.

-Трет пат предупредуваме и апелираме, институциите да ги објавуваат договорите во законскиот рок од десет дена бидејќи само така јавноста ќе има увид и сознанија за договорите постигнати со итни јавни набавки, вели Филков од ЦГК.

Анализата покажала дека пониски цени имало кога институциите преговарале за набавка со повеќе од еден набавувач.

-За разлика од претходно, по неколкуте укажувања за преговарање со повеќе наместо со една фирма, зголемен е бројот на итни набавки со повеќе од еден понудувач, констатира налиазата на Центарот.

Миомир Серафиновиќ

 

loading...