КолумниТоп1

Kритикуваните газди

Македонија

Заболени
12,357
Мртви
532
Излечени
8,662
Активни
3,163
Last updated: 14/08/2020 - 05:11 (+02:00)

Фотографија на Sinolicka Trpkova.

Ако банкротираат бизнисите зашто не земале помош и зашто работеле без усул за да преживеат, без богатење и кражба, пак ќе бидат на нечии листи на плукање. Убаво е да си образован и начитан и добро платен за од твојот врв на планина да анализираш и критикуваш аномалии во најчувствителниот сектор во општеството. Па потем од заработените пари од фино напишаните критики – да си одиш на заслужен одмор, додека останатите продолжуваат да се потат во фабрики. За сето тоа време Мијалков и друштво уживаат во критиките на борците за права, делат совети и гледаат како за без пари да си ги “докупат” трошките од критикуваните “газди”. Вистинската борба за права е борбата на обесправените. Се’ останато е застапништво, кое не е ништо поарно од крлежите кои се системски и законски поддржани за да живеат од крвотокот на приватниот сектор, директно и индиректно. Всушност листите и прозивките генерално се методи кои никогаш нема да не’ направат повредни, почесни, посовесни, а напротив. Тие ќе предизвикуваат корупција и ќе обесхрабруваат секакви нови потребни иницијативи. Човек просто да е среќен да биде никој и ништо и без скршен денар во џеб.

фб статус на Синоличка Трпкова

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker