Search
понеделник 13 јули 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Македонскиот народ да си ја повтори лекцијата

Македонија

Заболени
8,111
Мртви
382
Излечени
4,203
Активни
3,526
Last updated: 13/07/2020 - 10:16 (+02:00)

Македонскиот народ да си ја повтори лекцијата.
Си имаше Македонија еднаш еден премиер, Љубчо Георгиевски (коалиционен партнер во сегашната Влада) и еден министер, Борис Стојменов. Е, они ја продадоа ОКТА на Грците за 32 милиони евра, а создадоа обврска државата на ОКТА да и’ исплаќа количини на мазут во милиони евра – и , еве сето тоа стасало во 2019 во висина од 70 милиони евра.

Одамна сите потписници на договорот , (војводи, нели, кои ,,изгинаа” за мајка Македонија) се милионери, вклучително и Никола Груевски, кој, потпишуваше анекси.
И, како осмо светско чудо, уште има луѓе кои гласаат за Љубчота, а на Груевски му ставаат срценца на статуси.

Цитат : „Најголема штетност беше обврската за мазутот. Во 2009 година исплативме 40 милиони долари, а еве сега Хеленик петролеум поднесе повторно тужба пред арбитража за останатиот период за уште 32 милиони долари. Така што, таму е најголемата штетност. Ако Окта е купена за 32 милиони долари пред 20 години, а веќе еднаш се исплатени 40 милиони долари со одлука на арбитража, пресметајте сами. Македонија реално не може да троши толку мазут, бидејќи сите топлани се на природен гас. Тоа е нешто невидено…”

loading...