Search
четврток 2 јули 2020
  • :
  • :

Мицкоски побарал помош од Јанша, тој испратил авион со заштитна опрема за Македонија

Македонија

Заболени
6,454
Мртви
306
Излечени
2,598
Активни
3,550
Last updated: 02/07/2020 - 10:16 (+02:00)

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во вторникот му се јавил на својот пријател, премиерот на Словенија и лидер на нивната сестринска партија СДС, Јанез Јанша и денеска веќе стигнал првиот авион со заштитна опрема за зашата земја, како помош од Словенија во борбата со корона вирусот.

Фотографија на Наќе Чулев.

-Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија. Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

🇲🇰 🇸🇮 Денес на скопскиот аеродром пристигна донација од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи, а која се состои од 100 илјади маски и 100 иллјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. Станува збор за прва донација која ја добива Министерството за внатрешни работи од земја која е членка на Европска унија и НАТО.

‼️ Имајќи предвид моментот во која таа доаѓа истата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое име да се заблагодарам на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Hristijan Mickoski за личното вложување и личниот ангажман во овој процес, а во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенскиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот.

🔶 Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме.

loading...