Search
вторник 7 јули 2020
  • :
  • :

Мицкоски вети плати зголемени за 25 отсто, пензии за 20 проценти

Македонија

Заболени
7,244
+120
Мртви
351
+5
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 07/07/2020 - 20:46 (+02:00)

Во изработката на нашите мерки и проекти кон кои ќе се обврземе да ги исполниме свој придонес дадоа стратешките соработници, универзитетски професори, експерти од странство од различни области, комисиите во ВМРО-ДПМНЕ, а клучниот сегмент беше мислењето и потребите на граѓаните и стопанството, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. .

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција објави пакет мерки за граѓаните и бизнисот и се обврза за повисоки просечни плати за 25 отсто, пензии за 20 отсто, инвестиции, пониски даноци.

– Состојбата во која се наоѓа нашата држава е неповолна, би рекол повеќе од загрижувачка. Иако имаше многу ветувања, нема резултати. Последната година силно и интензивно работевме на програма и мерки кон кои ќе се обврземе, а кои треба да ја донесат обновата, која пред се е неопходност за нужно рестартирање на нашето општество. Во изработката на нашите мерки и проекти кон кои ќе се обврземе да ги исполниме свој придонес дадоа стратешките соработници, универзитетски професори, експерти од странство од различни области, комисиите во ВМРО-ДПМНЕ, а клучниот сегмент беше мислењето и потребите на граѓаните и стопанството – рече тој.

Мицкоски оценува дека презаситени се луѓето од политика на поделби, празни обвинувања, прочитани политичари. Порача дека се потребни мерки и проекти и многу работа.

– Затоа отпочнуваме серија на прес конференции каде ќе промовираме мерки и решенија кои ќе бидат дел од обновата која доаѓа, а кои ќе овозможат повеќе за секого. Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за минимум 25% во еден мандат. Ќе пораснат платите за минимум 25% во следните 4 години. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во декември месец 2019 година. Ќе се бориме жилаво за силен економски стандард за секој еден работник. Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер. За повеќе пари, за повеќе достоинство на пензионерите. За мирен живот се обврзуваме во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат во двата основа, порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најавувајќи невработеност под 10 отсто.

– Под 10 проценти невработеност за помала сиромаштија и решавање на проблемите. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе работа за младите, 0% персонален данок за млади до 29 години. Ова ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен нето приход до 6.5 илјади евра. Младите да имаат шанса тука да ја градат иднината. Дополнително, преку градење на модерна иновациска инфраструктура која подразбира отворање на иновациски центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови ќе им овозможиме на младите и креативните луѓе целосна поддршка во реализација на нивните бизнис идеи. Ние сме силно убедени дека Македонија има млади талентирани луѓе кои имаат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме на создавање најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал –  истакна тој.

Мицкоски најави дека за стопaнството, бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари. дека целосно ќе се напушти концептот на прогресивен данок и ќе се воведе рамен данок до 8%.

– Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9%, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8%. Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација. Тоа значи нов економски модел кој ќе биде базиран на модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија. За таа цел планираме: да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување; изградба на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции; реформа на Македонската Банка за поддршка на развојот во Македонско извозно развојна Банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании и субвенционирана камата за развој; ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија –  најави тој.

Мицкоски истакна дека се обврзува на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат.

– Сите овие 11 проекти се дел од програмата која што ќе биде мотив плус за граѓаните да ја поддржат ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следува и на предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Овие 11 проекти како и останатите се можни само преку работа, работа и многу работа. Се обврзуваме на реални работи без да ветуваме чуда, бидејќи тие во светот на политиката не постојат, за жал не постојат. Многу внимателно гледам што ветувам, затоа што граѓаните не смеат да доживеат ново разочарување, а зад секое едно ветување освен прецизна анализа која е направена, секој денар е пребројан и тоа е пребројан во насока како и зошто ќе се троши, а затоа го имате мојот збор со кој се обврзуваме, мојата чест и углед. Овие мерки ќе променат многу, затоа што тие ќе значат повеќе работа, повеќе пари, повеќе за секого во државата. Обновата доаѓа! Заедно ќе се избориме за подобра иднина – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...