Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Мицкоски: За разлика од Заев, нема да преговарам за Гоце Делчев

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 08:17 (+02:00)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вечерашниот телевизиски дуел го праша лидерот на СДСМ, Зоран Заев дали пред македонската јавност ќе каже дека ќе се откаже од Гоце Делчев, на што Заев одби да одговори.

– Ние никако не можеме да ги прифатиме овие две работи кои во моментов се случуваат. Како да преговараме за Гоце Делчев? Зошто господинот Заев на лидерската средба и последната и претпоследната не побара Декларација да се донесе во Парламентот која сите ќе ја подржиме. Побарав да се потпише Декларација од Парламентот и тоа да не биде партиско прашање, но Заев рече не. Еве сега пред јавноста Заев нека каже теоретски дали може да прифати дека Гоце Делчев не е Македонец и дали би се согласил дека нашиот македонски мајчин јазик не е македонски – го праша Мицкоски.

За разлика од Заев, рече тој, јас никогаш нема да преговарам за тоа што бил Гоце Делчев или да се откажам од македонскиот јазик.

– Врз основа на тоа име и врз основа на Гоце Делчев сме создале држава – посочи Мицкоски.

loading...