Црна Хроника

Многу луѓе, многу инциденти во Охрид: Скопјани се гаѓале со стаклено шише, нападнат и сопственик на објект за издавање

Половина час по полноќ, на плажата „Сараиште“ во центарот на Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од група млади, сите од Скопје. Расправијата прераснала во тепачка во која 24 годишен скопјанец со стаклен предмет нападнал двајца врсници од Скопје.

Македонија

Заболени
12,515
+158
Мртви
535
+3
Излечени
9,030
Активни
2,950
Last updated: 14/08/2020 - 18:56 (+02:00)

Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.Вчера утро во 06.30 часот, во приватен сместувачки објект лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 22-годишно лице од Скопје врз сопственикот на објектот (63) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид..Синоќа, пак, во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се две лица од Кичевско на возраст од 21 и 23 години. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во билтенот на СВР Охрид.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker