Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Му ја блокирале пензијата, тој легна на улицата и ја блокира! (ФОТО)

Македонија

Заболени
7,046
+114
Мртви
341
+7
Излечени
3,027
Активни
3,678
Last updated: 05/07/2020 - 20:47 (+02:00)

Јордан Настески (72) од прилепското село Галичани денес напладне во знак на револт легна среде улицата Прилепски бранители, веднаш наспроти зградата на општина Прилеп.

„Ми ја блокираа пензијата. Никаде борч немам. УЈП најде некаков неплатен данок од 5.000 денари од пред неколку години. Пензионер сум и сега пензијата ми е блокирана. Ова е проклетија. Седум души дома ја чекаат таа пензија од 10.000 денари. Јас ова досега не сум го доживеал. Ова е тортура на сиромаштијата“, вели гневниот Настески, кој некогаш работел во Жито Прилеп, јави Канал 77.

loading...