Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

На Инфективна пациентите со ковид-19 веќе не се ставаат на респиратор

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 08:17 (+02:00)

Директорката Милена Стевановиќ за „Слободен печат“ вели дека се покажало дека интубирањето и ставањето на апарат за вештачко дишење не дава резултати во лекувањето на болните од ковид-19

Клиниката за инфективни болести го промени начинот на лекување на пациентите со ковид-19, според кој најголем број од нив веќе не се ставаат на апарати за дишење. Како што изјави директорката на Клиниката Милена Стевановиќ за „Слободен печат“, нивното искуство и искуството во светски размери покажало дека интубирањето и ставањето на апарат за вештачко дишење не дава резултати во лекувањето на болните од ковид-19.

„Сфативме дека и покрај ставањето на апарати за дишење ги губиме пациентите. Неуспесите беа повеќе од евидентни пред се заради специфичната патофизиологија на болеста и нејзината непредвидливост. Се покажа дека апаратот за вентилирање најчесто не помага кај пациентите со ковид-19. Во таа насока одат и светските искуства. Наместо на апарати за дишење пациентите се ставаат на неинванзивна вентилација со помош на маски. Овој начин на третман бара и уште поголем ангажман на здравствениот персонал бидејќи здравствената состојба на пациентот треба да се следи од минута во минута и да се реагираа со соодветна терапија доколку настане промена“,

вели Стевановиќ за „Слободен печат“.

За оваа промена на пристапот во лекување се координирале и со анестезиолозите од КАРИЛ кои, како што вели, имаат поголемо искуство во лекување на пациентите во тешка состојба.

За променетиот начин на лекување сведочат и податоците што секојдневно ги објавува Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава.

Соопштение од МЗ од 29 јуни
Соопштение од МЗ од 28 јуни
Соопштение од МЗ од 27 јуни

Последниве денови, во делот каде што се информира за бројот на пациенти кои се хоспитализирани на клиниките во земјава, кај Инфективната клиника нема пациенти што се на механичка вентилација

loading...