Search
сабота 30 мај 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Никола овој ректорот некој тежок торко бил колегите јавно го прозиваат

Македонија

Заболени
2,164
+35
Мртви
131
+5
Излечени
1,535
Активни
498
Last updated: 30/05/2020 - 17:17 (+02:00)

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани,

Свесни дека кризата предизвикана од корона вирусот на глобално ниво отвори многу дилеми и предизвици поврзани со целокупното живеење, а пред сè, загриженост за јавното здравје како врвен приоритет. Во таа смисла, очекувавме од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски да биде иницијатор и генератор за отварање на конструктивни дебати  во пошироката академска заедница, за потребата од адаптација и трансформација, на нашиот универзитет во ново­настанатата состојба.  За жал, тоа ниту се случи ниту се случува. Станува јасно дека за него приоритет преставува како да ја заврши незаконски и нестатутарно започнатата постапка за избор на ректор.

Големиот број недоследности и законски прекршувања  го прават целиот процес нелегитимен и нетранспарентен. Со ова во голема мера се загрозува целиот процес на избор на ректор што е недозволиво за најголемиот и најстариот универзитет во нашата држава. За ова уште во месец март 2020 год., објавивме соопштение за јавност, за да ја информираме академската заедница за нашите видувања околу случувањата во врска со ова прашање. Истовремено, во тоа соопштение за јавност сакавме да ги инфор­ми­раме сите надлежни институции во нашата земја во рамките на своите надлежности да ги преземат сите мерки и активности во насока на отклонување на сите евентуални прекршувања на целата постапка. До овој момент не сме информирани за било какви преземени дејства.

За иронијата да биде поголема, не само што овие наши укажувања не беа уважени и земени предвид, туку со мораториум од 2 месеци, постапката во услови на прогласена вонредна состојба, продолжува со закажување на 42-та Седница на универзитетскиот Сенатат на 26.05.2020 год.  На овој дневен ред како точка 18 е поставена Предлог одлука за начинот на спроведување на тајното гласање.

Тука не се застанува: имено за наредниот ден 27.05.2020 год., закажана е уште една 43-та седница на универзитетскиот Сенатот со една точка на дневниот ред – Формирање Универзитетска изборна комисија (избор на членови и нивни заменици).

И на крајот наредниот ден 27.05.2020 год., следува уште еден состанок: 250-та седница Ректорската управа со една точка – Донесување Одлука за објавување јавен оглас за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за мандатниот период 15 септември 2020 година – 15 септември 2023 година и утврдување на содржината на јавниот оглас кој согласно Статутот  требаше да биде донесен во месец март 2020 год, на седница на Ректорска управа заедно со одлуката за започнување постапка за избор на ректор.

И замислете: сето ова се спроведува според Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 („Универзитетски гласник“ бр. 489/2020 и бр. 489/2020-Анекс). Ова преставува преседан досега невиден на нашиот универзитет, имено со Правилник донесен од Ректорска Управа да се суспендира Статутот на Универзитетот и Законот за високо образование.

Во таа насока прашањата и дилемите се следни:

  1. Дали започнатата постапка е во согласност со член 8-а став 1 алинеја 4 од  Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), каде е пропишано дека „од  денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија  не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“?
  2. Во услови кога,спротивно на член 96 од Законот за високото образование, Универзитетот сè уште нема избрано Претседател на Сенатот,  а  со оглед на тоа што Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски ја најави во медиумите својата кандидатура за втор мандат, се прават незаконски дејствија на претседавање со Сенатот  во тек на постапка за избор на Ректор, од страна на кандидат за Ректор.
  3. Дали спротивно на член 5 од Уредбата со законска сила за примена  на Законот за високо образование за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Македонија бр. 76 од 24.03.2020 год.), може да се спроведе постапка за избор на ректор? Во оваа уредба изричито стои дека: “Високообразовната установа која до денот на истекот на мандатот на органите и телата, за време на траењето на вонредната состојба не извршила избор на нови органи и тела, мандатот им се продолжува за време на траење на вонредната состојба. Високообразовната установа е должна најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанување на траењето на вонредната состојба да започне, односно да ја продолжи постапката за избор на органите и телата од став 1 на овој член“.

Со надеж дека ова наше Соопштение за јавност и во вакви кризни услови ќе предизвика јавен интерес и грижа кај академската заедница и надлежните државни органи за состојбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а со желба за обезбедување легални, транспарентни и демократски избори за ректор.

Со почит,

                                                     проф. д-р Вујица Живковиќ

проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска

проф. д-р Владимир Петрушевски

(сите се проректори на Универзитетот)

loading...