Search
среда 8 јули 2020
  • :
  • :

Николовски: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои над 61 пратеник на изборите! Николовски: Очекувам голема победа за чист мандат, СДСМ е најпосакуван партнер!

Македонија

Заболени
7,244
Мртви
351
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 08/07/2020 - 11:31 (+02:00)

Од 2020 на политички план очекувам големи промени и ние да формираме Владата по изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.

Според него, новата владата ќе донесе голема промена и на економски и на политичкиплан.

– Во делот на економијата, ќе донесеме значајно повеке инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Во делот на политичките теми, пак, забрзување на реформите со целпочеток на преговори со ЕУ. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да однесе убедлива победа со огромна разлика во однос на СДСМ, затоа што постои сериозно разочарување од политиките на СДСМ, како и енормна корупција и криминал. Со нашата програма, ќе дадеме одговори на овие предизвици кои се надевам ке бидат препознаени од граѓаните – вели Николовски.

Тој додава дека очекува ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои 61 пратеник, а после изборите, како што објаснува, ќе градат партнерство врз принципот на слични програми.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Очекувам во оваа 2020 година да продолжат процесите кои гордо ги води СДСМ и кои значат подобар живот за сите граѓани, повеќе пари, повисоки плати, пензии, економски напредок и очекувам да продолжиме да градиме едно демократско општество кое силно чекори кон НАТО и ЕУ, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.

– СДСМ е фаворит на изборите и очекувам голема победа за нов, чист, 4-годишен мандат, поради повеќе факти и анализи: постигнатите резултати во изминатите 2,5 години, реализираните над 56 отсто на мерките од програмата, успехот на економските политики, земјоделските и социјалните политики, интензивното градење во инфраструктурата, локалниот развој, заокружените реформи во безбедноста, шампиони сме во енергетиката… – вели Николовски, потенцирајќи дека и сите анкети јасно покажуваат дека СДСМ на чело со Зоран Заев е убедлив фаворит на изборите.

Тој додава дека се отворени за соработка со секоја политичка партија која, според него, ќе добие доверба од граѓаните и истовремено ги дели истите демократски и европски вредности.

СДСМ веќе предводи коалиција од 30-тина партии, во овој период по празниците ќе разговараме со нашите партнери во и надвор од оваа коалиција. Факт е дека коалицискиот капацитет на СДСМ е најголем, СДСМ е најпосакуван партнер, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е пред се поради нашиот искрен пристап, нашите принципи и политики за сите граѓани, нашиот концепт едно општество за сите. Тоа е препознаено и од граѓаните и од партиите. Согласно волјата на граѓаните и подготвеноста да се прифати нашата програма, ќе ја формираме и идната коалициска Влада – објаснува Николовски.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

loading...