Search
среда 27 мај 2020
  • :
  • :

НИНА ПАК ЗА*РАЛА РАБОТАТА, ЕМИ И ЗОКИ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА, ДОСТОЈНА ЗАМЕНА, ИНТЕЛЕКТУАЛНА ЗАМЕНА

Македонија

Заболени
2,039
+25
Мртви
119
+3
Излечени
1,470
Активни
450
Last updated: 27/05/2020 - 14:47 (+02:00)

: Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии. Некој требало да ја подучи кога ја поставија за министерка како се комуницираат новинарски прашања и како се одговараат, па дури и кога не си баш среќна за нив, оти најчесто се такви. А не да се потсмеваш во заднина или, пак, како Бектеши да даваш квалификации за реченична конструкција, наместо одговор.
Колешките Александра, Наташа и Тања, како и колегата Иле имаа многу прецизни и стручни прашања, зашто со годиништа следат економски сектор, па овој однос е уште поинфантилен.
И на крајот, повторно и по 45 минути „одговарање“ прашања, јас сè уште не можев да им одговорам на гледачите во денешната емисија на следните прашањa:
1. Каде граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
2. Кога граѓаните ќе треба да се пријавуваат за платежните картички?
3. Дали невработените граѓани кои не се во регистерот на АВРМ (неактивни баратели, но и невработени) ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
4. Како ќе се генерираат тие кои ќе добијат помош преку системот на УЈП? Каква е процедурата воопшто?
5. Дали сите студенти и млади до 29 години ќе добијат помош, доколку се на пример три студенти од исто семејство/домаќинство?
6. Кои се условите за да се добие платежната картичка?
7. Дали пензионерите со пензиски примања кои се пониски од 15.000 денари ќе добијат помош, односно ќе бидат во генерирањата за платежни картички?
8. Дали лицата со попреченост ќе бидат земени предвид за да добијат платежни картички?
9. Кои граѓани ќе можат да добијат платежни картички, како и зошто?

Многу прашања – клучни и основни. Прашања без чиишто одговори не излегуваш на ниво на премиер и на двајца министри за да држиш прес-конференции за истите нешта два пати и притоа како министер/ка си со циничен однос кон прашањата на новинари, кои во секторот се десет години подолго од тебе. Па и да не се. Таквиот однос ќе ти се одрази. Зашто доколку ние не ги пренесеме одговорите на граѓаните, тие нема да знаат што вие сте си уредиле. Истото е и кога најавувате да се активираат граѓаните, а нема никакви насоки дури ни на основните прашања – кои, како и каде?
Ама ќе било. Веројатно тамам пред избори. Како 100-те евра на Вучиќ пред да почне со онлајн-митинзите.

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥

Да надополнам од постот на Огнен:
1. Која институција ќе е надлежна за која мерка?
2. Дали стечајците и пензионерите влегуваат во потрошувачките картички?
3. Каква е побогу , плата помала од 15.000 денари коа минималец е 14.500 и секако си постои надоместок за минат труд.
4. Што со овие два месеца надомест за невработеност, се одбиваат согласно стажот на работниците или ќе се сметаат за искористени без оглед на тоа што има вработени со 30 години стаж кои сега само 2 месеца ќе имаат надомест од 50 %од просечна плата , наместо 12 месеци согласно стаж?

Многу прашања, ич одговори, ама за ароганција прва е момата.
Битно да се јасни мерките за бизнисот кои до вчера не сакаа државата да им се меша, чест на исклучоци, а и тие малку мерки за граѓаните , тоталка нејасни

loading...