Search
четврток 2 јули 2020
  • :
  • :

Новинарката Мрѓа: Тестот е негативен, но останувам во самоизолација

Македонија

Заболени
6,454
Мртви
306
Излечени
2,598
Активни
3,550
Last updated: 02/07/2020 - 10:16 (+02:00)

Новинарката Мрѓа: Тестот е негативен, но останувам во самоизолација

Новинарката Душица Мрѓа, од Телевизија 24, не е заразена со корона вирус. Нејзиниот тест, како што објави, бил негативен.

-Негативна. По препорака на епидемиолозите останувам во самоизолација до втор негативен тест на 14 ден.
Добро сум и целиот овој период бев добро.
Од срце благодарам на сите за грижата и подршката за мене и моето семејство, ми значи премногу во ова време-невреме.

На сите кои се борат со Covid 19 посакувам што побрзо да се изборат со болеста и да немаат никакви последици.
На сите кои во изолација ја живеат неизвесноста, им посакувам трпение и негативен тест.

Бидете одговорни и грижете се за сопственото и здравјето на своите најблиски,никој нема тоа да го направи за вас.
Бидете живи и здрави!, напиша Мрѓа на фејсбук.

loading...