Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Остави деца и жена поради неа, па ја научи да краде банкомати- Кој е дечкото на Романа Паниќ?

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 09:32 (+02:00)

Дечкото на пејачката Романа Паниќ (45), Филип Мркајиќ (40), со кого беше уапсена во Бризбејн, Австралија, заради грабеж на банкомат, го напушти семејството заради неа! Штом ја запознал пејачката, агентот за недвижнини ги оставил сопругата и двете деца и со неа отпатувал за Италија.

Иако беше пишувано дека српските Бони и Клајд отпатувале во Австралија во март, тие двајцата всушност отишле таму на почетокот на годината, во јануари.

Јавноста е неинформирана за животот на дечкото на Романа, освен тоа што е агент за недвижнини.

Филип е од Белград и потекнува од многу богато семејство. Неговиот татко З.М држел синџир на златарници во Белград, а имале и една во центарот на градот. Меѓутоа, семејството морало да продаде сè заради коцкарските долгови на Филип во кои тој паднал. За жал, таткото на Мркајиќ починал неодамна и бил погребан минатата недела.

Филип ги остави сопругата и двете деца заради Романа, а тој на суд потврдил дека е татко. Штом се запознале, пред околу една година, тие ја започнале врската, а прво заедно заминале во Италија. Тогаш Паниќ рече дека е вљубена и среќна, а потврди дека е свршена.

– Немам повеќе време, тоа се детали за кои нема да зборувам. Важно е што конечно сум свршена – рече пејачката за „Ексклузив“.

Романа и Филип заминале во Австралија со туристички визи, наводно на одмор. Меѓутоа, во меѓувреме, поради пандемијата на коронавирус, тие морале да останат во Бризбејн. Според изворот, познаници на Филип веруваат дека двајцата планирале да се вклучат во илегален бизнис таму и дека верувале дека никој нема да ги открие, како и дека потоа ќе се вратат во матичната земја. Се верува дека соучесникот ги чекал таму, односно тој им обезбедил опрема за грабеж на банкомат.

Извор:srbijadanas.com

Фото: eksplozija.com

loading...