Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

Оваа убавица која работи како автомеханичар доби отказ откако колегите ја откриле на „страница за возрасни“

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 04:01 (+02:00)

Кирстен Вон била на добар пат да стане прв главен автомеханичар, од женски пол во работилницата Fort Wayne Honda. Таа била ценета од нејзиниот тим и била номинирана за награда од полето на нејзината работа. Сепак кариерата на 24-годишната девојка заврши прерано поради една нејзина одлука од приватниот живот.

Кристен одлучила да направи профил на страницата за возрасни „OnlyFans“ каде што се продаваат експлицитни фотографии и видеа. Некој од нејзините колеги го пронашол нејзиниот профил и наскоро почнале да кружат видеа и фотографии од Кристен.

Колегите почнале и да ѝ префрлуваат и да даваат невкусни коментари. Наводно кога Кристен се пожалила добила отказ, но менаџментот на работилницата не го признава тоа. Девојката вели дека го отворила профилот за да заработи малку повеќе пари за да може да го отплати студентскиот кредит и да си го исполни сонот и да си отвори своја работилница.

Таа успеала и да го сними менаџерот на работилницата, Џонсон откако му се пожалила дека доживува сексуално вознемирување на работното место, тој вели: „Ако твоите колеги имале пристап до страницата тоа може да ги поттикне да ви пријдат со несакано сексуално однесување или коментари.“ Кога ги молела колегите да престанат да ги споделуваат нејзините фотографии тие ја исмејувале и ѝ кажале дека ѝ „помагаат да заработи пари“.

„Јас бев феноменален вработен со совршено резиме и никогаш не влегував во проблеми. Кога одев на работа бев точна, ја извршував својата работа и бев добра во тоа. Се однесував пристојно и соодветно кога бев на работа. Ја носев униформата. Јас го направив она што требаше да го сторам.“, вели Кристен.

loading...