Search
среда 3 јуни 2020
  • :
  • :

Починал битолчанец кој бил во самоизолација по враќањето од Канада

Македонија

Заболени
2,492
+101
Мртви
145
+4
Излечени
1,605
Активни
742
Last updated: 03/06/2020 - 22:32 (+02:00)

Битолчанец кој се вратил од Канада во Македонија, попладнево починал во својот стан во Битола на улица Димче Лахчански, дознава ТВ21.

На терен биле екипи на полицијата, брза помош, Центарот за јавно здравје и пожарната. Засега потврда успеавме да добиеме само од противпожарната едница дека имале интервенција, без да соопштат дополнителни информации.

Контактиравме преку телефонскиот број на Клиничкта болница во Битола, од каде не упатија да контактираме со портпаролот, тој пак рече дека не е надлежен и дека за изјави треба да ја бараме директорката или пак техничкиот секретар. Техничиот секретар, кратко ни одговори да се обратиме утре до нив, а директорката воопшто не успеавме да ја добиеме.

Слична приказната беше и со Секторот за внатреши работи од Битола. Иако на фотографијата се гледаат полициски службеници, од таму ниту потврдуваат ниту пак ја демантираат инфомацијата.

Како што дознава ТВ21, станува збор за маж на возраст од околу 60 години, кој пред извесен период се вратил во Битола од Канада. Бил сам во станот, а вратата од станот била отворена со техничка помош.

Бил во самоизолација, но допрва ќе се утврдуваат причините за неговата смрт. Земен е брис и испратен во Скопје за тестирање на коронавирус.

loading...