Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Полицаец ставен во државен карантин на свој трошок

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 10:01 (+02:00)

Поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација полицискиот службеник е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а притоа ќе добие и кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик.

Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци.

loading...