Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

Предвидената катастрофа на коронавирус не пристигна во Шведска – што е следно?

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 03:47 (+02:00)

Во Стокхолм и околинта во последно време се чини дека се поголем број луѓе страдаат од рани знаци на анксиозност поврзани со коронавирусот.

Шведска одржува повисок степен на нормалност од повеќето други земји во текот на изминатите шест недели, но исто како и на повеќето други места во светот движењето е во пад, патувањата тргнаа но потоа застанаа, а потрошувачката многу се намали.

Сепак, иако Швеѓаните се уште се охрабрувани да држат социјална дистанца меѓу себе, да работат од дома и да избегнуваат несуштински патувања како порано, има знаци дека многумина сега одлучуваат да се вратат на нешто што личи на животот пред вирусот. Не е јасно дали тоа е препорачливо, но тоа се случува на кој било начин, пишува во статија на Форбс.

Промените се суптилни, но забележителни. Автопатот кон градот што доаѓа од југ сега изгледа како полн уште од 8 часот наутро, како што некогаш работеше во работните денови, а тоа е поддржано со податоците за мобилните телефони, што укажуваат дека жителите на Стокхолм сега одат со поголема брзина во градот за да работат.

Во трговските центри каде што претходно еден куп продавници доброволно се затворија, сега се е повторно отворено. Дури и туристичките агенти кои продаваат пакети за празнични патувања се вратија во функциј и сега наголемо ги рекламираат аранжманите за лето и за есен. Ова е особено фасцинантно ако се има предвид дека сите авиони се приземјени и има навистина голема неизвесност за тоа кога некој ќе може да замине на некое патување само за забава. Вчера, на пример, во паркот покрај улицата имаше деца насекаде, како што всушност се случуваше и претходно, но имаше и нешто ново што претходно го немаше – скара со нула социјална дистанца меѓу граѓаните.

Што друго? Има докази кои можеби изгледаат смешно, а кои покажуваат дека луѓето се враќаат кај фризерите во поголем број. Шведските фризери не беа затворени во ова време како во другите држави, но сепак помалку луѓе одеа да си направат фризура. Друг интересен развој на настаните е што дезинфициенсите за раце повторно ги има на залиха. Познатите марки се продаваат што е состојба што се случува за прв пат после два месеци. И речиси насекаде има одредена промена во расположението, што без сомнение е помогнато од тоа што сонцето излегува порано и деновите траат подолго.

ФАКТОР ЛИНК

loading...