Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

Приказна вредна за споделување: Трговецот кој сакал да заработи на коронавирусот ја научи лекцијата

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 04:01 (+02:00)

Пандемијата на коронавирус го плаши целиот свет, но секогаш ќе се најде некој лукав човек кој ќе сака да се збогати на сметка на маката на другите луѓе. Таков човек се покажа дека е и Американец Мет Колвин. Тој купил 18.000 антисептици, антибактериски марамчиња, маски и други производи за да создаде недостаток во областа во која што живее и да ги препродава по прескапа цена. Но, лукавиот трговец не заработи ништо, бидејќи кармата не спие.

Трговецот извозил над 2000 км и ги обиколил сите аптеки и продаавници во областа, купувајќи им ги сите залихи со производи за заштита од коронавирусот. Потоа тој си отворил онлајн продавница на Амазон и почнал да ги продава по 10 пати поголема цена од оригиналната (од 500 на 5000 денари). Подмолниот план проработел и Мет брзо почнал да ги продава производите.

Но, таман кога почнал да трие раце дека парите од продажбата ќе почнуваат да му ја полнат сметката…
Амазон забранил продажба на санитатори, маски и антибактериски марамчиња. Тие, исто така, му ја блокирале сметката и почнале да ги испитуваат сите трговци кои продаваат вакви производи, за висината на цените.

Како резултат на ова, момчето остана да седи на планина од 17.700 шишиња антисептици, кои не може да ги продаде. Сфаќајќи што направил и до каде го довела неговата алчност, тој решил да промени нешто. Така Мет Колвин ги донирал сите производи на луѓето на кои им требале.

Никогаш не се обидувајте да профитирате на туѓата мака, затоа што казната ќе стигне од страна од која најмалку очекувате!

 

loading...