Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

РЕАКЦИЈА НА ФИЛИП АНДОВ ВИКАН СОКОЛОТ: ВРЕМЕТО НА МЕСТЕНКИ ЗАВРШИ, КВАЗИ ПАТРИОТОТ СЕ ДЕРЕШЕ НА СЕМАФОР

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 09:17 (+02:00)

По објавата на фб статусот на носителот на листа на ВМРО ДПМНЕ Игор Дурловски дека имал инцидент со лице кое е советник на поранешниот премиер Зоран Заев, со реакција и демант до нас се јави посоченото лице Филип Андов викан Соколот цитираме:

Го демантирам во целост квази патриотот Дурловски. Прво јас не сум му советник на Зоран Заев по неговата оставка и сите ние си дадовме оставки, јас сум член на ЦО на СДСМ. а со квази патриоти не разговарам, но за волја на вистината при денешното поминување на семафор лицето ми се развика со зборовите ГОТОВИ СТЕ ЌЕ ЗАГУБИТЕ, НА ШТО ЈАС НЕ ОДРЕАГИРАВ како што реков со квази патриоти кои учествувале во фингирани настани и во настанот од 27 ми не разговарам, помина времето на местенки иако нивен Министер Чулев е на чело на МВР.

еве го статусот на Дурловски

После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.

Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.

loading...