Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Роднини на почината од ковид-19 во „8 Септември“ се заканиле со оружје

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 09:17 (+02:00)

Две лица се приведени откако попладнево се обиделе да влезат во ГОБ „8-ми Септември“ и барале да го земат телото на нивна блиска почината од ковид-19 и да го однесат на обдукција, објави Телма.

Откако надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на Клиниката за патологија, роднините на починатата се заканиле со оружје по што била повикана полиција.

Тие биле приведени и било утврдено дека не носеле оружје.

loading...