Според Би-Би-Си, Соколов и рекол на полицијата дека ја убил својата девојка за време на домашна расправија, а потоа и ја отсекол главата, рацете и нозете. Тој планирал да се ослободи од телото и потоа јавно да се самоубие облечен како Наполеон.

Неговиот адвокат изјави дека се изјаснил за виновен и се покајал. Соколов има напишано неколку книги за Наполеон и бил ангажиран како советник на неколку филмови, при што неговата девојка му помагала во неговата работа и била коавтор за неколку дела. Обајцата ја проучувале француската историја и сакале да се облекуваат во костуми, а особено како Наполеон.

Неговите студенти велат дека тој бил талентиран професор кој зборувал француски и го имитирал Наполеон, но дека тој бил и „изрод“ кој ја нарекувал својата девојка „Жозефина“.