Search
недела 7 јуни 2020
  • :
  • :

ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО СРУШИ ЧИРОТ НА ВРВ НА ГТЦ

Македонија

Заболени
2,915
Мртви
151
Излечени
1,640
Активни
1,124
Last updated: 07/06/2020 - 04:31 (+02:00)

Известување

Почитувани,

Би сакал да ја информирам јавноста дека Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.
По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило.

Со почит,

loading...