Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

Шпанија од понеделник ќе забрани движење на граѓаните

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 06:31 (+02:00)

Шпанската Влада ќе забрани од понеделник какво било движење на граѓаните, јавија шпански медиуми. Се очекува таа мерка да ја објави попладнево премиерот Педро Санчез. Ќе биде затворен и воздушниот простор над државата.

Шпанците ќе можат да одат во болница и да купуваат лекови, да им пружат помош на возрасни, деца и лица со посебни потреби и да посетуваат банки.

Одлуката на владата ќе биде донесена поради експлозивното зголемување на заразените со новиот коронавирус. Новите случаи се зголемија за 1.500 за само еден ден, достигнувајќи 5.700, соопштија локалните здравствени власти.

Весникот Ел Мундо објави дека Министерството за внатрешни работи ќе ги контролира сите полициски сили како и регионалните како дел од вонредната состојба.

Досега, најпогодена земја во Европа е Италија, со над 17.000 случаи (над 1.200 смртни случаи), но Шпанија, Франција и Германија изгледа дека следат по истиот модел на ескалација. Главната разлика е во тоа што во другите европски земји стапката на смртност е многу пониска отколку во северната италијанска провинција Ломбардија. МИА

loading...