Search
вторник 2 јуни 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Сомалиленд се откажа, Македонија се нафати: Какво е тоа СП што ќе се игра во Скопје?

Македонија

Заболени
2,391
+76
Мртви
141
+1
Излечени
1,595
Активни
655
Last updated: 02/06/2020 - 22:46 (+02:00)

Откако бомбастично одекна веста дека Скопје ќе биде домаќин на фудбалски Мундијал на непризнаени земји, ретко кој знае какво е тоа првенство и кои се „земјите“ учесници што ќе се појават во македонската престолнина од 30 мај до 7 јуни идната година.

Помалку чудно делува како Скопје се најде на мапата да организира ваков Мундијал за земји кои ниту постојат според Обединетите наци, ниту пак се членки на ФИФА. Првично, овој Мундијал требало да се игра во Сомалиленд, автономен регион во Сомалија, Источна Африка, кој од 1991 година прогласил незавосност, ама никој не ги признава.

Во организацијата КОНИФА, која е акроним за Конфедерација на независни фудбалски асоцијации, членки се 56 региони или непризнаени држави. Од нив, 16 ќе учествуваат на Мундијалот во Скопје, а кои сè ќе се појават ќе се знае до крајот на годинава. Тоа што е сигурно е дека засега сигурни учесници се Карпаталја, како актуелен бранител на трофејот и Западна Сахара, кои биле победници во добивањето „вајлд карта“. Останатите 14 места ќе се поделат врз база на местата за секој континент – на пример од Јужна Америка сигурно ќе игра Мапуче, регион од Чиле и овој регион веќе истакнал интерес за настап.

Од тоа што може да се најде, покрај овие три, наводно во Скопје ќе дојдат како веќе пласирани тимови и Јужна Осетија, Дарфур, Матабелеланд, Кабилиа и Каскадија. Но, за конечен список ќе се знае до крајот на јануари за кога е закажана ждрепката во Џерси.

Во КОНИФА има 56 членки, па од Европа се Џерси (острови во Ла Манш), Абхазија, Доњецк и Луганск (регионите каде се војуваше во Украина), Гренланд (кој е под Данска), Сардинија (остров во Италија), Јужна Осетија, Јоркшир (регион во Велика Британија), Западна Ерменија… Тука е и регионот Чемерија, регион во северозападна Грција, кој секојпат се споменува во големоалбанските реторики за обединување на сите Албанци во една држава. Од Азија е Курдистан, Обединети Корејци во Јапонија, Тибет, Источен Туркистан, Западна Папуа, па од Океанија се Хаваи, Кирибати, Тувалу… Од Африка покрај Западна Сахара и Сомалиланд, Дарфур, Кабилиа, Барава… Туке е Квебек, Каскадија…

Ваквите Мундијали почнаа да се играат од 2014 година и прв домаќин е Сапми, регион во Северна Европа, кој опфаќа региони од четири држави – Норвешка, Шведска, Финска и Русија. На овој Мундијал победила „држава Ница“ го победила Елан Ванин со 5-3 на пенали (0-0) во регуларен дел.

Вториот ваков Мундијал во 2016 година се играл во Абхазија, регион во Грузија кој не е признаен освен од Русија и е автономен регион во кој пред една деценија повторно беше во фокусот поради воените дејствија и воената интервенцијата на Русија. Абхазија како и Јужна Осетија се два региони, кои не сакаа да бидат дел од Грузија после распадот на Советскиот сојуз. Абхазија го освои шампионатот со победа повторно на пенали со 6-5 против Панџаб, откако во регуларен дел мечот завршил 1-1.

Последното трето СП за непризнаени земји се играло во Барава, пристаништен град на Сомалија, во регионот Лоуер Шебеле. На овој Мундијал триумфирале Задкарпатите, Карапатлја со триумф против Северен Кипар (турскиот дел од овој остров) со 3-2 на пенали (0-0 во регуларен дел).

loading...