Search
сабота 30 мај 2020
  • :
  • :

Сончевата светлина брзо го уништува коронавирусот, но можеби и на плажа ќе мора да се сончаме со маски!

Македонија

Заболени
2,164
+35
Мртви
131
+5
Излечени
1,535
Активни
498
Last updated: 30/05/2020 - 15:32 (+02:00)

Брифинг за прелиминарните резултати на една студија на американскиот Департмент за домашна сигурност (Department for Homeland Security – DHS), овозможен за официјална употреба само за Yahoo News, нуди надеж дека сонцето ова лето ќе му зададе силен удар на коронавирусот, но експертите предупредуваат дека најверојатно нема целосно да ја елиминира пандемијата од ковид-19. Информација за овој брифинг и за студијата овој медиум објави на 17 април (сабота) во доцните вечерни часови.

Директоратот на DHS за наука и за технологија ги брифирал авторите на Yahoo News дека студијата е резултат на експерименти спроведени од страна на Националното тело за анализи за био-одбрана и на Центарот за контрамерки (National Biodefense Analysis and Countermeasures Center), лабораторија создадена после терористичкиот напад 9/11, со цел да одговори на закани со биолошко оружје.

Резултатите на студијата на DHS, сепак, значат важен придонес во одговорите што научните советници на Белата куќа ги бараа за да ја решат загатката, во обидот да се спротивстават на ширењето на пандемијата, пишуваат авторите на Yahoo News, објаснувајќи дека DHS одбил да одговори на прашањата за наодите на студијата и строго предупредил да не се носат заклучоци врз основа на официјално непубликувани податоци. Студијата, која во ПДФ верзија секој може да ја симне во веста на Yahoo News, официјално има карактер на „протечен документ“.

Што кажуваат прелиминарните резултати и брифингот?

Што се однесува до светлоста, температурата и влажноста на возудхот, вирусот е најстабилен во услови на студ и сув воздух. Вирусот ослабнува на повисока температура и на поголема влажност, а многу побрзо на сончева светлина. Врз основа на ова, се тврди дека зголемувањето на температурата и на влажноста во контаминираната област, како и пренесување на „физибилните операции“ надвор, на сончева светлина, го намалуваат ризикот од зараза.

Ризикот од трансмисија на вирусот од површини е понизок на дневна светлина. Обратно, затворени површини со ниска влажност на воздухот (како авионски кабини, на пример), може да бараат дополнителна грижа за намалување на ризикот од трансмисија.

Клучниот резултат на студијата се содржи во една куса, но многу важна реченица – сончевата светлина го уништува вирусот брзо!

И според некои поранешни теории и прелиминарни наоди на истражувачите, познато е дека вирусот на 20-процентна влажност на воздухот и во отсуство на дневна светлина може да опстане на површината повеќе од 60 минути. Обратно, на температура над 30 степени и влажност од 50 отсто и на сончева светлина, вирусот се уништува, во прашање се неколку минути. Ако вирусот се најде во воздухот на силна сончева светлина, УВ компонентата на сончевата светлина ќе ги скрши ДНА и РНА на фрагменти, објаснуваат научниците како „умира“ коронавирусот.

Тоа, сепак, не е причина во првите топли и сончеви денови луѓето лесно да се охрабрат да излегуваат надвор, вклучувајќи ги тука и плажите, со аргументот дека сонцето го убива вирусот. Проблемот е што без широко распространет имунитет, луѓето се уште можат да го шират вирусот меѓу себе, дури и на топло време. Поради тоа, не е исклучено ова лето и на плажите да мора да се сончаме со маски.

loading...