Search
четврток 28 мај 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

ТЕЛМА: Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството!

Македонија

Заболени
2,077
+38
Мртви
121
+2
Излечени
1,486
Активни
470
Last updated: 28/05/2020 - 23:16 (+02:00)

Kатица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, дознава Телма, но според изворите во истрагата, Обвинитеството ја одбило.

Вечерва, и обвинителката Русковска потврди дека еден од осомничените во првиот дел од истрагата Рекет побарал спогодба, но тоа не се официјализирало.

 КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ПРВАТА СОРАБОТНИЧКА НА БОКИ, ЈАСНА МАНДИЌ

За потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ вечерва е одреден куќен притвор, пренесува „Фокус“.

-Притворот се бараше по сите три основи. Судот објективно заклучи дека се исполнети условите за ефективен притвор и предложи куќен притвор. Ние нема да се жалиме на оваа одлука. Таа се сомничи за измама и перење пари, главно за помагање, изјави нејзиниот адвокат.

Тој додал дека најверојатно ќе биде отворен нов случај за оваа истрага која беше објавена денеска, а произлезе од случајот „Рекет“.

Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството побара мерка притвор.

 

 

loading...