Search
вторник 7 јули 2020
  • :
  • :

TИА СМЕ НИЕ ТАА БАНДА. Заев, Радникот и свиркачот Костовски повикани за сведоци во “Монструм”

Македонија

Заболени
7,244
+120
Мртви
351
+5
Излечени
3,324
Активни
3,569
Last updated: 07/07/2020 - 21:01 (+02:00)

Екс премиерот Зоран Заев е повикан да сведочи на судењето за случајот “Монструм”, на барање на обвинителството. Истото барање го имаат и родителите на убиените момчиња.

Освен Заев, во судница на барање на обвинителството ќе сведочат и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

-Бараме да сведочи Звонко Костовски за начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО. Зоран Заев го повикуваме во однос на неговите информации за овој случај, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Во судница ќе треба да сведочи и Трајковски, вработен во МВР, чии телефонски разговори беа пуштени во судница, а од кои се создаде впечаток дека предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

-Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

-Извршителите Косовари се, но има и некои наши поранешни колеги. Информации се имаа на време. Пратениците беа навреме информирани, и директорот знаеше и Синиша беше информиран. Им кажав уште пред 20 дена дека сакаат да нападнат некоја полициска станица. Им кажав дека има група, не веруваа. Еден од учесниците е со иницијали Б.Б., вели Зоран Т., за кој потоа соговорник го прашува дали е Башким Бајрами, поранешен колега, командир на граничниот премин Блаце.

-Да, тој е, морал да има јатаци. Знае како функционира полицијата, вели полицаецот кој потоа истата информација му ја предава и на советникот за безбедност на претседателот Синиша Алексовски, кој му враќа дека има логика, бидејќи Бајрами бил осуден на доживотен затвор но бил во бегство.

Тој вели дека барал и средба со Радникот, му пишал и порака, но тој не го побарал.

-И денес никој не вели, чекај друже од кај ти беше информацијата, вели Зоран Т. на еден од соговорниците.

Родителите на убиените деца за сведок го предложија и Сиша Алексовски, кој беше советник за национална безбедност на екс претседателот Ѓорги Иванов.

loading...