Search
вторник 26 мај 2020
  • :
  • :

(Видео) Иран објави снимка од лажен атентат врз Трамп – снајперист пука кон претседателот на САД

Македонија

Заболени
1,999
Мртви
113
Излечени
1,439
Активни
447
Last updated: 26/05/2020 - 06:46 (+02:00)

Иран објави лажно видео на кое снајперист стрела кон американскиот претседател Доналд Трамп по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Монтираната снимка, објавена од новинската агенција на иранската влада, „Фарс“, почнува со една порака.

„Америко, ако почнеш војна, ние ќе ја завршиме“, се вели на почетокот на видеото.

Снајперистот, кој се крие зад решетките, вади пушка од куферот, а потоа гледа во фотографијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.

Потоа тој пука неколку истрели кон американскиот претседател, а телохранителите трчаат да го заштитат.

„Во името на добротворниот и милостив Бог“, се наведува на крајот на клипот.

Трамп ја нареди ликвидацијата на Сулејмани, еден од најмоќните луѓе во Иран, кој се смета за национален херој во земјата.

Иран вети дека ќе се одмазди за убиството на генералот, а синоќа лансира повеќе од 20 балистички ракети кон две американски воени бази со седиште во Ирак. Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека нападите врз базите се одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касем Сулејмани.

Ирански медиуми пренесоа дека во нападот на базите загинале 80 американски терористи.

Видеото од лажниот атентат врз Трамп е објавено еден ден пред нападот врз американските бази во Ирак.

loading...