Search
среда 3 јуни 2020
  • :
  • :

Власта под итно да се повлече од медиумската војна со микро и малите стопанственици и да понуди реална помош и што поголем број лица да ги задржат своите работни места

Македонија

Заболени
2,492
+101
Мртви
145
+4
Излечени
1,605
Активни
742
Last updated: 03/06/2020 - 21:02 (+02:00)

Загрижувачко е немањето слух на институциите, за апелите за помош на стопанственици од разни дејности.

За жал властите се фокусирани нивните изјави од типот “Некој што изгубил работа денес, може ќе се вработи после два дена, тоа не е губење на работа” да преовладуваат во медиумскиот етер додека во реалноста илјадници работници се отпуштаат секојдневно.

Најгласни се угостителите, кои според последните податоци на ДЗС обезбедуваат плати за над 30.000 лица. Ова е една од дејностите кои Владата ги затвори во средината на март, како една од мерките за намалување на ширењето на коронавирусот. Наспроти очекувањата, дека власта ќе им помогне во исплатата на плати за сите вработени, на работодавачите сега им се поставуваат услови, кои на дневна основа се менуваат со цел да се добие слика, дека газдите се безмилосни и во интерес им е да ги избркаат своите вработени.

Власта под итно да се повлече од медиумската војна со микро и малите стопанственици и да понуди реална помош, која ќе има искористеност за што поголем број лица да ги задржат своите работни места.

Деновиве властите се фалат со податок за 130тина фирми кои ќе добијат средства (кредит), притоа премолчувајќи го податокот дека во Македонија има 75.914 активни деловни субјекти. Дополнително, “помошта” (која ќе треба да се врати) од 14.500 за исплата на плати власта ветува дека ќе ја исплати во средината на мај, а до тогаш…

Се надевам дека во периодот што престои, Нина Ангеловска ќе ја сфати играта на СДСМ во која таа и Крешник Бектеши (министер за економија од ДУИ) се главни антагонисти на стопанствениците, а со цел да не се загрози позитивната слика која се создава за вицепремиерката за економски прашања и “ко-носител” во првата изборна единица.

P. S. Мила Царовска уште е вицепремиер за економски прашања?, реагира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола МИцевски.

loading...