Search
недела 5 јули 2020
  • :
  • :

Во предметот ,,РЕКЕТ,, од обвинителен акт наменски ги изоставивте ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, ЕЛИЗАБЕТА ЈОСИФОВСКА, ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, АНА КАМЧЕВА, ОРЦЕ КАМЧЕВ

Македонија

Заболени
6,932
Мртви
334
Излечени
2,987
Активни
3,611
Last updated: 05/07/2020 - 07:46 (+02:00)

Госпоѓо РУСКОСКА,

Фотографија на Zoran Bozinovski.

од моите досегашни истражувања на двата моментно најголеми и најактуелни предмети кои ја брануваат јавноста, ,,РЕКЕТ,, и ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,,, констатирам дека вие применувате појавни облици на профитабилно селективно постапување.

Во предметот ,,РЕКЕТ,, од обвинителен акт сосема намерно и наменски ги изоставивте ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, ЕЛИЗАБЕТА ЈОСИФОВСКА, ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, АНА КАМЧЕВА, ОРЦЕ КАМЧЕВ. Предметот некако, на мускули го завршивте со првостепена пресуда, која допрва ќе ви се удри од глава, ќе ви се врати како бумеранг… Утре (1. јули) започнува процесот во предметот ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,,. Покрај обвинетите, во обвинителниот акт од овој предмет ви недостасуваат и СИЛЈАН МИЦЕВСКИ, АЛТИН МАЛИЌ, ЈОВАНКА КУХАР, АГАПИ ДИКА, ВЛАТКО ПОСТОЛОВСКИ, АЛЕКСАНДАР КОЧЕВСКИ, АЛЕКСАНДАР РАЧКОВСКИ и КИРО ПАВЛОВ.

Ова се лицата за кои имам документирани сознанија врз основа на кои подолу ви презентирам детали кои во истрагата, пак намеснки, намерно и од профитабилни причини сте ги изоставиле, највеќе заради АЛТИН МАЛИЌ, син на заменик градоначалникот на Скопје и уште повеќе заради АГАПИ ДИКА, родената сестра на судијка од Апелационен суд Скопје.

Г. РУСКОСКА, селективна правда не е правда. Селективна правда е профитабилна правда, ништо поразлична од онаа која ја применуваше КАТИЦА ЈАНЕВА, чија судбина ја запечативте во предметот ,,РЕКЕТ,,.

На вас и на јавноста, во продолжение ви нудам детали од докази кои треба да ги имате во предметот ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,, за да поентирате со обвинение кое нема да служи за профит и одмазда низ судски процес. Повелете сега детали, а ако ги немате, овие докази ќе ви се појават во тек на процесот од предметот ,,МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ,,:

ОДЛУКА од 01.11.2017 – проектни активости по ПРОЕКТ со верификационен код 0709210 ssofseu, на име на автор ВЛАТКО ПОСТОЛОВСКИ и ко-автори Г.С., В.Л., И.К.

ПРОЕКТОТ е со Буџет од 8.290.000 евра…

ОДЛУКА од 06.06.2018 – проектни активости по ПРОЕКТ ,,ВИЗИЈА 2019-2020,, со носител на проектот АЛТИН МАЛИЌ во име на ,,МАЛИСТО ИНВЕСТМЕНТ,, ДООЕЛ Скопје, со автор на проектот ЈОВАНКА КУХАР. Проектот е со Буџет од 7.430.981 евра. А носителот на проектот АЛТИН МАЛИЌ на ,,Меѓународен сојуз му исплатил 16.525.000 денари, ама овие средства не поминале низ жиро сметката на Сојузот…

ОДЛУКА од 01.11.2017 – проектни активости по ПРОЕКТ со верификационен код 2038109 ssofseu, на име на автор АЛЕКАНДАР КОЧЕВСКИ и ко-автори С.А., К.Л., Б.Т.

ПРОЕКТОТ е со Буџет од 5.781.200 евра

ОДЛУКА од 05.09.2017 – проектни активости по ПРОЕКТ со назив ,,ВИЗИЈА 2018-2021,, на име на автор АЛЕКСАНДАР РАЧКОВСКИ и ко-автори А.Д., М.К., В.З., А.М.

ПРОЕКТОТ е со Буџет од 4.309.810 евра

ОДЛУКА од 15.09.2017 – проектни активости по ПРОЕКТ со верификационен код 0709810 ssofseu, на име на автор АБДУРАХМАНОВА КАМОЛА и ко-автори А.Д., М.К., В.З., А.М.

ПРОЕКТОТ е со Буџет од 16.170.000 евра (во кодирана банкарска форма BGL72250900LF)

ОДЛУКА од 26.07.2017 – проектни активости по два ПРОЕКТИ. Проект 1 со верификационен код 007201852 и ПРОЕКТ 2 со верификационен код 002203171 miscseu на име на автор КИРО ПАВЛОВ и ко-автори И.А., Н.Т., З.Г.

ПРОЕКТ 1 е со Буџет од 5.450.000 евра и назив ,,Стоп за деца на улица,,

ПРОЕКТ 2 е со Буџет од 3.080.900 евра, нема наведено назив

ОДЛУКА од 05.09.2017 – проектни активости по ПРОЕКТ со назив ,,ВИЗИЈА 2018-2021,, на име на автор АЛЕКСАНДАР РАЧКОВСКИ и ко-автори А.Д., М.К., В.З., А.М.

ПРОЕКТОТ е со Буџет од 4.309.810 евра

НАПОМЕНА: на сите овие ОДЛУКИ се потпишани авторите од една страна, а Бојан Јовановски, Јованка Кухар и Агапи Дика од страна на ,,Меѓународен Сојуз,,…

Одговори барав од ГП ,,ПЕЛИСТЕР,, од Битола (не добив!), од Алтин Малиќ и од Општина Битола добив одговори, ги имате во прилог…ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Фотографија на Zoran Bozinovski.

Фотографија на Zoran Bozinovski.

 

loading...