Search
среда 27 мај 2020
  • :
  • :

Во Турција четиридневен полициски час за Рамазан Бајрам

Македонија

Заболени
2,039
+25
Мртви
119
+3
Излечени
1,470
Активни
450
Last updated: 27/05/2020 - 14:32 (+02:00)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на територијата на целата земја од 23 мај ќе биде воведен четиридневен полициски час, за време на претстојниот празник Рамазан Бајрам.

Чекорот се презема како дел од мерките, а Турција ќе ги отвори џамиите на 29 мај со петочната молитва. Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во претседателството одржа прес конференција на која истакна дека „Турција обезбеди финансиска помош за 5,5 милиони граѓани со ниски приходи“, јави агенцијата Анадолија.

Тој додаде и дека училиштата оваа учебна година нема повеќе да отворат и оти новата училишна година во Турција ќе започне во септември.

loading...