Search
сабота 30 мај 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Вонбрачен секс забрзано ги откажува туристичките аранжмани за Бали

Македонија

Заболени
2,164
+35
Мртви
131
+5
Излечени
1,535
Активни
498
Last updated: 30/05/2020 - 17:02 (+02:00)

Вонбрачен секс забрзано ги откажува туристичките аранжмани за Бали

Вознемирени туристи панично ги откажуваат аранжманите за егзотичниот остров Бали. Причината за тоа лежи во стравувањето дека можат да бидат уапсени заради секс! Со новите закони, што треба да стапат во сила најверојатно наредната недела, се предвидува на невенчани двојки да им биде забаранет сексот или да живеат заедно на островот, соопштува Дејли стар.

Законодавците во Индонезија предложија пакет закони поврзани со моралното однесување во државата. Тие се однесуваат на сите луѓе со различна хетеросексуална ориенатција, зашто државата не признава истополови бракови или врски.

Како реакција на најавите, Австралија ги обнови туристичките информации за своите граѓани, предупредувајќи ги за законските измени, што се очекува да бидат прифатени наредната недела. Австралијците се меѓу најмногубројните посетители на островот, иако не заостануваат ниту Европејците.

Според предвидените измени, навредата на религијата, државата и претседателот ќе се сметаат за прекршување на законот. Ако бидат прифатени, тие ќе имаат огромно влијание врз туризмот, што е основен извор на приходи во индонезиската економија.

Австралиската бизнисменка, Елизабет Травер, која управува со 30 вили на Бали вели дека веќе се соочува со многу откажани резервации.

Законот се уште не е изменет и веќе имам откажани резервации. Еден клиент ми рече дека повеќе нема да стапне на Бали, зашто не е оженет. Овие закони можат да бидат попогубни за туризмот од тероризмот и ерупцијата на вулканите. Сум работела и за време на две бомбардирања и неколку природни катастрофи. Мислам дека ако Владата мисли сериозно да ги донесе овие закони, туристичкиот бизнис ќе биде уништен, што ќе претставува крај за Бали таков каков што го знаеме, изјави Травер.

извор:пресингтв.мк

loading...