Search
среда 3 јуни 2020
  • :
  • :

Заев и Мицкоски во самоизолација, ги интервјуирал новинар кој е заразен со ковид-19

Македонија

Заболени
2,492
+101
Мртви
145
+4
Излечени
1,605
Активни
742
Last updated: 03/06/2020 - 20:31 (+02:00)

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна самозолација, по информацијата дека ТВ новинар, кој е позитивен на ковид-19, во минатата недела имал интервју со двајцата лидери на политичките партии, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во вонредното обраќање денеска.

Тие се тестирани на корона вирусот. Тестот на Мицкоски е негативен, но ќе биде во задолжителна само изолација.

– Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети – рече Филипче.

Заев синоќа заминал за Струмица а денеска ќе биде готов неговиот резултат.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба, во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“.

Ќе се направи анкета за да се види со колку лица тој контактирал и тие ќе се стават во изолација.

loading...